Достапни линкови

logo-print

Швајцарија против ограничувањето на менаџерските плати


Најголем дел од Швајцарците на денешниот референдум се изјасниле против предлогот да им се ограничат платите на менаџерите на износ најмногу 12 пати поголем од минималната плата во компанијата во која работат. Според првичните резултати 65 отсто од граѓаните не го поддржале предлогот за ограничување на менаџерските плати.

Иницијативата „1:12 –За правични плати“ поттекнува од младите социјалисти. Ако нивниот предлог се прифатеше и ако потоа го изгласаа во парламнтот, тогаш највисоката годишна менаџерска плата би изнесувала 576 илјади швајцарски франци ( 467 илјади евра). Тоа би значело дека платата би им била драстично намалена, бидејќи просечната годишна плата на директор во Швајцарија за 2012 била 6,7 милиони швајцарски франци или околу 5 милиони евра.

Предлогот ја засегна швајцарската влада и стопанствениците кои стравуваа дека тоа може да предизвика масовно заминување на големите компании од Швајцарија.
XS
SM
MD
LG