Достапни линкови

logo-print

Нентнјаху против договорот со Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху коментирајќи го постигнатиот договор за иранската нуклеарна програма изјави дека тоа е лош договор. Нетенјаху во телевизиско обраќање од Ерусалим рече дека Иран ќе добие милијарди долари од укинување на санкциите.

„Со укинување на овој притисок, овој прв чекор, може да биде и последен чекор. Без да се продолжи со притисокот каков поттик има иранскиот режим да преземе сериозни чекори кои всушност ќе ја уништат неговата способност за нуклеарно оружје? Зошто би ги расклопиле центрифугите или плутониумскиот реактор ? Ништо од ова не се опфатено во договорот, тие прашања се оставени и недопрени“, изјави Нетенјаху.

Тој вели дека Израел има многу пријатели и сојузници, но кога тие грешат, тој има обврска да зборува јасно и отворено и да го каже тоа.
XS
SM
MD
LG