Достапни линкови

Протест во Киев - „Украина е Европа“


Илјадници демонстранти протестираа во украинскиот главен град Киев против одлуката на владата да го откаже договорот со Европската унија. Околу 10 илјади демонстранти кои носеа знамиња на Украина и на ЕУ, скандираа „Украина е Европа“. Еден од условите на ЕУ за потпишување на договор за асоцијација беше Украина да и овозможи на поранешната премиерка Јулија Тимошенко да и биде укажана помош во Германија. Украински пратениците не можеа да се согласат за тоа за време на парламентарната седница во четвртокот, а владата подоцна објави прекин на разговорите за договор. Демонстрантите бараат владата да ја смени одлуката.
XS
SM
MD
LG