Достапни линкови

logo-print

Карзаи го услови потпишувањето на договор со САД


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го услови потпишување на безбедносен договор со САД. Тој за својот потпис побара да се стави крај на меѓународните напади на авганистанските домови, како и соработка за изградба на траен мир во Авганистан. Карзаи ги кажа своите барања по состанокот со Лоја Џирга. Големиот Совет на Авганистан претходно го одобри договорот за безбедност, со што им се дозволува на САД да имаат воено присуство во Авганистан, откако силите предводени од НАТО ќе се повлечат во 2014 година. Карзаи не кажа кога тој ќе го потпише договорот. Карзаи минатата недела рече дека договор можеби ќе мора да почека до завршувањето на претседателските избори во Авганистан во април 2014 година.
XS
SM
MD
LG