Достапни линкови

Рекорден број на туристи во Турција


Од почетокот на годината до крајот на октомври Турција ја посетиле речиси 32 милиони туристи, што е за 10,24 отсто повеќе во споредба со истиот период во 2012 година, соопшти турскиот министер за култура и туризам Јомер Челик.

Најголем е бројот на туристи од Германија, потоа следат Русите и Британците.
И во ноември и декември се очекува да продолжи активниот туристички прилив кон Турција.

На аеродромот во Анталија во овој период притигнале рекордни единаесет милиони странци. Вчера на аеродромот во Анталија се оддржа церемонија по повод пристигнувањето на 11-милионитиот турист, а тоа беше брачна двојка од Германија.
XS
SM
MD
LG