Достапни линкови

Иранските лидери го поздравија договорот за нуклеарната програма


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Иранските лидери го поздравија договорот за нуклеарната програма постигнат со светските сили, велејќи дека со тоа се препознаваат правата на Иран за одржување на атомската програма. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека договорот постигнат во Женева е „основа“ за понатамошен напредок. Претседателот на Иран Хасан Рохани рече дека конструктивниот ангажман и неуморните напори од страна на преговарачките тимови отворија нови хоризонти. Коментарите на иранските лидери доаѓаат на неколку часа откако Иран и светските сили постигнаа договор за спорната нуклеарна програма на Иран.
XS
SM
MD
LG