Достапни линкови

Министерот Попоски во Париз


Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по неколкудневната посета на Канада, заминува за Париз каде што утре ќе има средба со министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус. Ова ќе биде прва официјална средба на министрите за надворешни работи на Франција и на Македонија по подолго време.
Само неколку недели по влегувањето на Хрватска во Европската унија, францускиот претседател Франсоа Оланд, порача дека „вратите на Европа остануваат отворени за нациите од Балканот кои се подготвени да играат на картата на помирување, регионална соработка и спроведување на потребните реформи“.
XS
SM
MD
LG