Достапни линкови

logo-print

Историски договор за иранската нуклеарна програма


Историски договор, пресвртница, од договорот ќе имаат корист сите, вака коментираат лидерите на шесте светски сили. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф вели дека договорот е „важно достигнување“, но дека тоа е првиот чекор.

Историски договор е постигнат во Женева, на преговорите меѓу шесте светски сили и Иран, за неговата нуклеарна програма, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон.
Се согласивме дека процесот кој води кон оваа сеопфатно решение да вклучува мерки, прв чекор кој треба да биде преземен од двете страни во траење од шест месеци.

„По интензивни преговори, ние постигнавме договор денеска, заеднички план на акција, кој поставува пристап кон постигнување на долгорочно, сеопфатно решение. Се согласивме дека процесот кој води кон оваа сеопфатно решение да вклучува мерки, прв чекор кој треба да биде преземен од двете страни, во траење од шест месеци“, изјави Ештон.

Говорејќи од Белата куќа во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама рече дека договорот му обезбедува достоинствен пат на Иран да се приклучи на меѓународната заедница.
На крајот на краиштата, само дипломатија може да придонесе за трајно решение на предизвикот од иранската нуклеарна програмa.

„Првиот чекор кој го преземавме е најзначајниот видлив напредок што сме го направиле со Иран ,откако сум на функцијата. Сега мора да ги искористиме наредните месеци да се продолжи со трајно и сеопфатно решение на овој проблем кој се закануваше на нашата безбедност и безбедноста на нашите сојузници со децении“, рече Обама.

Тој додаде додаде дека САД се посветени на безбедноста на Израел, односно дека ќе останат посветени на нивните обврски кој пријателите и сојузниците.

„На крајот на краиштата, само дипломатија може да придонесе за трајно решение на предизвикот од иранската нуклеарна програма“, рече Обама.
Да се стави крај на непотребната криза и за се отворат нови хоризонти врз основа на почитување на правата на иранскиот народ и отстранување на било какви сомнежи за иранската нуклеарна програма.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека од договорот ќе имаат корист сите страни.

„Никој не изгуби, секој заврши со победа“, изјави Лавров.

Во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека договорот со Техеран ќе помогне да се зачува мирот и стабилноста на Блискиот Исток.

„Договорот ќе помогне во одвивањето на нормална размена со Иран, а ќе помогне да се обезбеди подобар живот и за иранскиот народ“, стои во соопштението на кинеското Министерство.

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле го опиша договорот како „ пресвртница“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф вели дека договорот е „важно достигнување“, но дека тоа е првиот чекор.

„Договорот вклучува јасна референца дека збогатувањето на ураниумот ќе продолжи“.

Зариф повтори дека иранската нуклеарна програма е исклучиво за мирољубиви цели.

„Верувам дека е важно дека секој од нас гледа можност да се стави крај на непотребната криза и за се отворат нови хоризонти врз основа на почитување на правата на иранскиот народ и отстранување на било какви сомнежи за иранската нуклеарна програма“, рече Зариф.

Договорот наиде на негодување од страна на Израел. Во соопштението од канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наведува дека „ Ова е лош договор кој му дава на Иран она што го сака: делумното укинување на санкциите и задржување на суштински дел од неговата нуклеарна програма“, се вели во соопштението .

Според соопштението од американската влада, Иран се согласил да ги запре сите збогатувањето на ураниумот над 5 отсто и да се неутрализираат постојните залихи на речиси 20 проценти збогатен ураниум под 5 проценти во рок од шест месеци.

Иран, исто така, се согласил да не инсталира нови центрифуги за збогатување и да не го нарачува спорниот ректор за тешки води. За возврат светските сили се согласија да ги сусендираат санкциите кон Иран. Пакетот мерки вклучува и околу 7,2 милијарди долари во ослободување од санкции за Иран.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG