Достапни линкови

Стартува српскиот крак од „Јужен ток“


Во Србија денеска ќе почне изградбата на српскиот крак од гасоводот „Јужен ток“ на руската државна компанија „Газпром“.

Почетокот на изградбата ќе се одбележи во Шајкаш, во Војводина, каде ќе бидат потпишани три спогодби - за транспорт на гас преку Србија, за финансирање на српскиот крак и специјален договор со владата на Србија.

Гасоводот „Јужен ток“ ќе чини 16 милијарди евра и ќе пренесува руски гас преку цевковод под Црно Море и по копно, преку Бугарија, Србија и Унгарија до потрошувачите во Западна Европа.

Вредноста на активностите на гасоводот во Србија е проценета на 1,9 милијарди евра, соопштуваат српските медиуми.
XS
SM
MD
LG