Достапни линкови

Неделен печат - Демографија, евроинтеграции и името


Глобус пишува за закочените евроинтеграции, Република за името, а Фокус за иселувањето на младите.

Глобус - Сè подалеку од европската иднина
Криењето зад бејби-бум политиките, рекламните кампањи за семејни вредности и забраните за абортус нема да ја поправат демографската слика на земјава. Како да раѓаме деца ако немаме со што да ги раниме?
Фокус.

Стојан Андов.
Стојан Андов.
За мракобесието што вледее во Македонија во врска со нејзините евроатлантски интеграции пишува авторот на колумната Таленти во најновиот он-лајн магазин Глобус. Граѓаните, премалени од чекање, престанаа да веруваат во нив, пишува Глобус и додава дека како да се помириле со судбината дека секоја година се сè подалеку од европската иднина, цивилизациските норми и дека тонат во сè подлабока изолација. Како „мевлем“ на рана дојде изјавата на премиерот Груевски дека откако Македонија повторно ќе остане без датум за преговори, сонцето пак ќе грее, ќе има нов ден, со иронија пишува авторот на колумната за да наведе дека сонцето во Македонија грее само за елитата и номенклатурата собрана околу владејачката партија и власта. Изјавата дека сонцето ќе изгрее и откако државата ќе биде уште една година подалеку од ЕУ е уште една потврда за арогантноста и потценувачкиот однос на власта кон граѓаните, и без оглед дали изјавата е непромислена или не, сосема точно и јасно ја изразува цврстата решеност на власта да продолжи да ја оддалечува државата од евроатлантските интеграции, заклучува Глобус.
Сè уште има луѓе кои се сеќаваат дека Андов, иако му беше близок соработник на Глигоров, во одреден период се сметаше и за негов најголем политички ривал.
Република.

Фокус - Имаме ли деца за извоз?

„Имаме ли деца за извоз?“ - прашува Фокус во уводникот, во кој се осврнува на горечкиот проблем во земјава - иселувањето, и тоа главно на младите. Фокус алудира на разноразните игри на среќа организирани од страна на Владата, па апелира: Не правете од народот коцкари, томболџии, луѓе што ќе ги терате да се надеваат во ненадежноста, туку дајте им шанса сами да заработуваат. Така ќе останат тука. Криењето зад бејби-бум политиките, рекламните кампањи за семејни вредности и забраните за абортус нема да ја поправат демографската слика на земјава. Како да раѓаме деца ако немаме со што да ги раниме? - извикува авторот и поентира дека Македонија, наместо деца, треба да извезува кечап, ајвар, мајонез, пијалаци, туризам, автомобилски делови, челик...

Република – Андов се сети - и Глигоров бил предавник

Кој му го нарушува мирот на покојниот прв претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров? Република излегува со долг напис „Андов се сети - и Глигоров бил предавник“, наведувајќи дека по цели две децении откако, наводно, првиот македонски претседател се согласил со предлогот „Славјанска Република Македонија“, на тогашниот преговарач во спорот со Грција, Робин О'Нил, првиот парламентарен спикер го прозва духот на Киро Глигоров. Без трошка совест го обвини дека се согласил да го смени името на државава, а мртвите не може да демантираат, забележува неделникот. А, Андов, со господ напред, уште долго ќе продолжи да биде „влијателен“ играч на македонската политичка сцена, предвидува Република, наведувајќи дека сè уште има луѓе кои се сеќаваат дека Андов, иако му беше близок соработник на Глигоров, во одреден период се сметаше и за негов најголем политички ривал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG