Достапни линкови

Бомбардирање во околината на Алепо во Сирија


Архивска фотографија: Алепо.

Архивска фотографија: Алепо.

Најмалку 29 луѓе загинаа во воздушни напади на сириските владини сили врз области под контрола на бунтовниците во северна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права(СОЧП) со седиште во Лондон информира дека владините воени авиони нападнале цели во близина на најголемиот град во земјата, Алепо, кој е под контрола на бунтовниците. Според него, бомби паднале и на преполн пазар каде што загинале 14 луѓе. Сириската државна телевизија, пак, објави дека борбените авиони убиле голем број „терористи“ во Алепо. Во меѓувреме, бунтовниците од организацијата Ал-Нусра, која одржува врски со Ал Каеда, соопштија дека ја презеле контролата врз нафтените полиња Ал-Омар во источна Сирија. Ова го потврди и СОЧП.
XS
SM
MD
LG