Достапни линкови

Кој е кум на „Конгреси и Манастирит“


Отворено ОУ „Конгреси и манастирит“(Битолски конгрес) во Чаир во Скопје.

Отворено ОУ „Конгреси и манастирит“(Битолски конгрес) во Чаир во Скопје.

Новото училиште во општина Чаир „Конгреси и Манастирит“ што во превод значи Битолски конгрес името го доби уште во 2006 година кога на власт беше СДСМ, изјави и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Доколку Министерството за образование и наука во овој момент добие предлог за корекција на името од страна на општината ќе го прифати, нагласи Ристовски.
Појасни дека согласно процедурите предлогот за корекција на името треба да го даде Училишниот одбор до градоначалникот и општината, кои, пак, треба да го достават до Министерството за образование и наука.

СДСМ во пишаната реакција на денешната изјава на министерот за образование Сиро Ристовски за именувањето на училиштето во Чаир, наведува дека според документите објавени во некои медиуми се гледало дека „училиштето е заведено во судскиот регистар под името „Конгреси и Манастирит“ на 28 јули, 23 дена откако изборите ги доби ВМРО-ДПМНЕ, во период на примпредавање на власта, кога владата не носи суштински одлуки и денот кога актуелниот премиер доби мандат да формира Влада“.

Власта, се додава во соопштението, имала осум години досега да интервенира, но тоа не го сторила. СДСМ наведува и дека време на актуелната власт, во Чаир се сменети називите на училиштата „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“.
XS
SM
MD
LG