Достапни линкови

Стечајниот имот ќе се продава по нов закон


Протест на стечајците пред Владата.

Протест на стечајците пред Владата.

Најмногу два обиди ќе се прават за продажба на имотот за кој е покрената стечајна постапка од 1989 до 2011 година. Доколку пак не се продаде имотот и по вториот обид ќе се распредели процентуално на доверителите.

Ова се главните измени на најновиот закон за застарените стечајни постапки што Владата го усвои на последната седница, кој опфаќа околу 300 стечајни постапки, а кои денеска ги презентираа во Министерството за економија.

Со законот за затворање на стечаите ќе се решат стечајните постапки во Типо, Маврово, делови од Железара, МЗТ, Центро, Порцеланка, Кожарски комбинат Куманово, повеќе земјоделски комбинати, како и случајот Фиком, Самарија и други.
XS
SM
MD
LG