Достапни линкови

Самарас - Грција нема да ја напушти еврозоната


Грчкиот премир Антонис Самарас.

Грчкиот премир Антонис Самарас.

Грчкиот премир Антонис Самарас денескаво Берлин изјави дека Грција нема никогаш да ја напушти еврозоната и иако е во голема должничка криза гледа „светлост на крајот на тунелот“. Самарас вчера имаше средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со уште неколку високи политичари кои претходно ја споменуваа можноста за излез на Грција од евро-зоната.

„Многумина мислеа дека Грција е изгубен случај, но сега многумина зборуваат за спектакуларен повраток на Грција“, рече Самарас.
По средбата со Меркел, Самарас рече дека Грција е на пат да ги исполни мерките за штедење кои ги наметнаа кредиторите, за да може Атина да добие финансиска помош . Грција пред два дена соопшти дека очекуваат следната година да излезат од рецесијата во која се наоѓаат шест години.
XS
SM
MD
LG