Достапни линкови

Денот на дрвото ќе ги одложи медицинските прегледи и интервенции в среда


Министерот за здравство Никола Тодоров .

Министерот за здравство Никола Тодоров .

Сите пациентите кои имаат закажано преглед и интервенција на 27 ноември ќе им бидат презакажани за во сабота (30 ноември), затоа што среда е прогласен за неработен ден поради одржувањето на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, а не е дел од празниците кои се предефинирани во системот, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Од тој аспект околу 5.500 интервенции кои се закажани за среда ќе бидат презакажани за сабота. Го повикувам сите граѓани во Македонија кои имаат закажано интервенција или преглед во јавното здравство во рамки на проектот „Мој термин“ наместо во среда да ја побараат својата здравствена услуга во сабота кога ќе биде работен ден, изјави Тодоров.
XS
SM
MD
LG