Достапни линкови

Лоја Џигра - Карзаи да не го одложува договорот со САД


Хамид Карзаи.

Хамид Карзаи.

Висок авганистански политичар, кој претседава со Лоја Џигра, побара авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да не го одложува потпишувањето на безбедносен пакт со САД. Сибхатулах Мојадеди кој претседава со Лоја Џирга, големо собрание на илјадници племенски лидери, изјави дека Карзаи нема право да побара од делегатите да го одложат потпишувањето. Тој барањето на Карзаи го нарече грешка и рече дека нацрт-договорот ги исполни сите авганистански барања. Карзаи во четврток рече дека потпишувањето на договорот можеби ќе мора да почека до завршувањето на претседателските избори во Авганистан во април 2014 година. Како одговор на тоа, американски официјални лица изјавија дека договорот мора да биде финализиран пред почетокот на 2014 година, но портпаролот на Карзаи, денеска изјави дека Авганистан не ги признава „роковите“ на САД. Билатералниот договор за безбедност ќе им овозможи на американските војници присуство во Авганистан и по повлекувањето во 2014 година.
XS
SM
MD
LG