Достапни линкови

Две момчиња избодени со нож во Куманово


Двајца малолетници од Куманово се повредени со остар предмет по кратка вербална расправија, што се случила вчера околу 21 часот во дворот на детска градинка, лоцирана на улицата "Моша Пијаде",информира кумановската полиција.

Тие биле нападнати од други две момчиња на 18 и на 15 години по вербална расправија поради девојка. Едното од нападнатите момчиња поради сериозноста на повредите е пренесено на клиниките во Скопје. Второто момче имало површни убодни рани и во задржано во болницата во Куманово. Момчињата кои го извршиле нападот се приведени под сомнение дека сториле убиство во обид .
XS
SM
MD
LG