Достапни линкови

Зголемени надежи за напредок во преговорите со Иран


Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Министрите за надворешни работи на шесте светски сили кои преговараат со Иран за неговата нуклеарна програма допатуваа во Женева каде денеска треба да се одржи состанок. Состанокот доаѓа во период на зголемени надежи за напредок во преговорите. Претходно дипломат на ЕУ изјави дека шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф направиле „напредок“ во врска со прашањето за време на разговорите во петокот. Кинеските медиуми цитираат извори од нивното Министерство за надворешни работи како вели дека разговорите стигнале до финален момент.
XS
SM
MD
LG