Достапни линкови

logo-print

Концерт за македонска благодарност до САД


Зоран Јолевски.

Зоран Јолевски.

Во чест на американскиот празник Ден на благодарноста и во чест на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и САД, во Амбасадата на Македонија во Вашингтон се одржа концерт на џез музичарот Владимир Четкар, на кој присуствуваа претставници на Владата, дипломатскиот кор и македонската дијаспора во САД.

„Сакаме на овој начин да им изразиме благодарност на САД за нивната поддршка кон независноста на Македонија, изјави амбасадорот на Македонија во САД“, Зоран Јолевски.

Во декември 1993 година САД го именуваа Виктор Комрас за првиот шеф на дипломатската мисија во Македонија, за неколку месеци подоцна и формално да ја признаат Република Македонија. На концертот присуствуваа и поранешните американски амбасадори во Македонија, Лоренс Батлер и Филип Рикер.
XS
SM
MD
LG