Достапни линкови

Карлсен нов светски шаховски шампион


Магнус Карлсен

Магнус Карлсен

Норвежанецот Магнус Карлсен денеска ја освои титулата светски првак во шах откако го победи досегашниот шампион индиецот Висванатан Ананд во десет партии. 22 годишниот Карлсен победи во три, додека во седумте други ремизира. 43 годишниот Ананд беше светски шампион од 2007 година. За победата Карлсен ќе добие над милион и триста илјади долари, додека Ананад скоро 900 илјади долари. Руската шаховска легенда Гари Каспаров изјави дека Магнус Карлсен бил вистински супер талент.
XS
SM
MD
LG