Достапни линкови

Русија да ги ослободи активистите на Гринпис


Меѓународниот поморски суд во Хамбург денеска пресуди Русија да ги ослободи 30 притворени активисти на Гринпис кои протестираа против вадењето нафта на Арктикот, како и нивниот брод. Случајот пред овој суд го покрена Холандија под чие знаме е регистриран бродот на активистите на Гринпис. Тие беа уапсени на 18 септември. Во меѓувреме, на 29 од 30те упасени им е дозволено да бидат пуштени од затвор со кауција. Ним им се заканува седумгодишна казна затвор за хулиганство.
XS
SM
MD
LG