Достапни линкови

Груевски: новиот затвор во Идризово ќе ја реши пренатрупаноста


Надминувања на бројот на затвореници во македонските затвори има, но не во некои сериозни димензии, а забелешките за преоптовареноста на овие капацитети од Хелсиншкиот Комитет се однесуваат на затворот Идризово. Ова го изјави премиерот Никола Груевски кој за надминување на проблемот ја посочи градба на комплетно нов објект во Идризово со капацитет за околу 1.500 луѓе, наместо сегашниот за 800 до 900.
Хелсиншкиот комитет пак претходно денеска соопшти дека согласно податоците на Управата за извршување на санкциите, има пренатрупаност во затворите од 130 проценти во Скопје а слично е во Битола, Прилеп и Тетово. Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека во текот на изминатите неколку месеци биле поднесени и претставки поврзани со мерката притвор, во кои главно се забележува на постапките за негово определување и продолжување, долготрајноста, некористењето на поблаги мерки, пренатрупаноста, лошите услови за живот и несоодветната здравствена заштита.
XS
SM
MD
LG