Достапни линкови

Тимошенко повика на протести во Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко повика на улични протести поради одлуката на владата да не го потпише клучниот политички договор за слободна трговија со Европската унија.

Нејзиниот адвокат Сергеј Власенко, денеска изјави дека Тимошенко ова го споредила со државен удар. Опозицијата обвини дека со оваа одлука владата и претседателот на Украина Виктор Јануковиќ ја предале Украина на Русија.

ЕУ изрази разочараност поради одлуката на Украина, но изрази натамошна посветеност на односите. Договор за асоцијација со Киев требаше да биде потпишан на самитот во Вилнус следната недела.
XS
SM
MD
LG