Достапни линкови

logo-print

Ден на албанската азбука - 105 години од Битолскиот Конгрес


Битола

Битола

Сто и пет години од Битолскиот конгрес на кој било унифицирано писмото на Албанците се одбележува денеска во Македонија.

Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва.

На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.

Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место.
XS
SM
MD
LG