Достапни линкови

Евроазиска унија: Украина наместо со ЕУ со Русија


Украинската влада ја запрепасти Европската унија кога соопшти дека се повлекува од трговскиот договор и оти ќе развива потесни врски со Русија. До ова дојде само по неколку часа откако Киев одби да го прифати барањето на Брисел за ослободување на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

На неколку дена пред самитот во Литванија кој требаше да го означи историското вртење на Украина, од поранешниот нејзин владар Русија, кон Запад, парламентот ги отфрли законите со кои на затворената Тимошенко ќе и беше дозволено да замине на лекување во Германија.

Како што еврокомесарот за проширување Штефан Филе се подготвуваше за лет до Киев во обид да ја спаси Спогодбата за асоцијација и слободна трговија, украинската влада соопшти дека ги прекинува подготовките за церемонијата на потпишување во
Не знам, никој никогаш нема да знае за колку пари Јануковуич ја продаде Европската унија. Тој им вети на Баросо, Коморовскии, Меркел, но сега по ова тој нема никаква репутација во Унијата.
Вилнус. На Филе не му преостана ништо друго и да го откаже летот.

Покрај тоа, владата соопшти дека ќе го обнови активниот дијалог со Русија која ја убедува Украина да помогне во формирањето на нејзиниот блок, односно Евроазиска унија.

Украинскиот министер за енергија Јури Бојко оцени дека ова одлука е базирана врз најдобрите интереси на неговата земја, но шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд го обвини Кремљ за брутален притисок.

„Во почетокот се чинеше дека малкумина мислеа оти Источното партнерство е нешто сериозно. Но, она што го видовме во последните недели покажа дека пред се Москва е многу загрижена па почна да врши брутални притисоци врз оние што сакаат поблиски односи со Европската унија“, изјави Билд наведувајќи дека слични притисоци имаше врз Ерманија и врз Молдавија.

Ненадејното вртење на Украина е сериозен удар врз Европската унија која се надеваше да го прошири нејзиното влијание кон Исток и да потпише договори за поголема трговија со некои поранешни советски републики.

Русија која очајно се труди да ги зачува во својата политичка орбита одговори со конкретни трговски контрамерки. Забрани увоз на вино од Молдавија и Грузија и чоколади од Украина. Тие пак страхуваат од неродевна испорака на руски гас.
Прва потклекна Ерменија која уште во август соопшти дека ќе биде дел од Царинската унија во која освен Русија се и Белорусија и Казахстан.

Иако анкетите покажуваат дека повеќето Украинци се за поголема интеграција со европската унија, се испостави дека претседателот Виктор Јанукович немаше доволно сили да го прифати барањето на Брисел за ослободување на неговиот ривал Јулија Тимошенко која е во затвор за злоупотреба на функцијата. Русија немаше такви барања.

Украинската опозиција за в недела планира проевропски демонстрации во Киев. Еден од опозициските лидери Виталиј Кличко на протестот по одлуката на Украина да не го потпишува договорот со Унијата изјави:

„Не знам, никој никогаш нема да знае за колку пари Јанукович ја продаде Европската унија. Тој им вети на Баросо, Коморовскии, Меркел, но сега по ова тој нема никаква репутација во Унијата“, изјави Кличко.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG