Достапни линкови

Рига:14 лица загинаа при уривање на покрив во супермаркет


Властите во главниот град на Летонија, Рига соопштија дека најмалку 14 лица загинале при уривање на покрив во преполн супермаркет. Спасувачките екипи сеуште бараат жртви под урнатините а официјални претставници апелираа за донирање крв. Тројца од загинатите биле пожарникари. Најмалку 36 лица се повредени во инцидентот.
Причините за несреќата сеуште не се познати но официјални претставници рекоа дека на покривот се градела зимска градина.
XS
SM
MD
LG