Достапни линкови

Иран и големите сили сеуште без договор


И на вториот ден од преговорите во Женева меѓу големите сили и Иран за иранската нуклеарна програма не донесоа конечен договор. Предвидено е оваа рунда преговори да заврши утре. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон имаше состаноци со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф, кои и двете страни ги опишаа како суштински и детални. Разговорите се фокусирани врз договор за 6 месечна суспензија на нуклеарните активности на Иран во замена за олеснување на западните санкции. Во меѓувреме, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Хери Рид, најави дека во почетокот на наредниот месец би можел да биде донесен закаон за заострување на санкциите против Иран.
XS
SM
MD
LG