Достапни линкови

Бугарија бара пари за новата мисија во Авганистан


На Бугарија ќе и требаат 11,7 милиони долари годишно за да ја исполни својата улога во новата мисија на НАТО во Авганистан, изјави денеска бугарскиот министер за одбрана Ангел Најденов. Бугарија би требало да учествува со 110 припадници, почнувајки од 2015-та година, во мисијата на НАТО за обука и помош на Авганистан. Бугарија моментално има 300 војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG