Достапни линкови

Украинската опозиција бара оставки од претседателот и од премиерот


Украина и дефинитивно нема да ја потпише спогодбата за асоцијација и слободна трговија со Европската Унија, а тоа е причина поради која претседателот Виктор Јанукович треба да се соочи со импичмент, изјави опозициониот лидер Арсени Јатсенјук. Украинската влада соопшти дека ги прекинува подготовките за потпишување на спогодбата со ЕУ и оти го обновува дијалогот со Русија. Според Јатсенјук, премиерот Микола Азаров треба веднаш да си поднесе оставка. Украина требаше да ја потпише спогодбата со ЕУ на 29-ти овој месец во Вилнус, но тоа беше условено со изгласување закон во украинскиот парламент со кој ќе и беше овозможено на екс премиерката Јулија Тимошенко, која е во затвор, да се лекува во странство. Парламентот денеска не го усвои законот.
XS
SM
MD
LG