Достапни линкови

Иран: нема спогодба без право на збогатен ураниум


Иран нема да прифати спогодба со светските сили ако во неа не биде предвидено правото на Техеран да збогатува ураниум. Ова денеска го соопшти главниот ирански преговарач за нуклеарни прашања Абас Арагчи, пред денешниот втор ден од преговорите во Женева. Од друга страна тој повтори дека постигнувањето спогодба е неопходно со цел Иран повторно да ја стекне довербата на големите сили.
XS
SM
MD
LG