Достапни линкови

logo-print

Весниците се занимаваат со кражбата на артефакти


Илустрација - артефакти.

Илустрација - артефакти.

Скандалот со исчезнатите артефакти од Музејот на Македонија, речникот на политичарите, состојбата во стопанството се само дел од темите за кои пишуваат дневните весници.

Скандалот со исчезнатите артефакти од Музејот на Македонија продолжува: „Антиката на политички пиедестал, артефактите низ белиот свет“, оди со голем наслов Утрински, поткрепувајќи го со информацијата од Управата за заштита на културното наследство дека се евидентирани наши предмети во музеи во Бугарија, Англија, Русија и во земјите на поранешна СФРЈ.
Антиката на политички пиедестал, артефактите низ белиот свет.

Дневник ја цитира министерката Јанкулоска која вели: „Хаос во организацијата на Музејот“. Вечер насловува: „Скандалот со кражба во Музејот ескалира - Вработените ќе одат на полиграф“.

Се чини хаос владее и во нас самите, оттаму и во нашата комуникација со другите - Дневник го анализира речникот на политичарите, особено на пратениците во Парламентот, па цитира нивни искази: „Ахмети е во сојуз со сатаната, Милошоски има
Ахмети е во сојуз со сатаната, Милошоски има проблем со главата откако се пресели во Бардовци, СДСМ не сака странски инвестиции зашто сака да краде, Макрадули е преокупиран со Субрата Рој па пуштил мустаќи...
проблем со главата откако се пресели во Бардовци, СДСМ не сака странски инвестиции зашто сака да краде, Макрадули е преокупиран со Субрата Рој па пуштил мустаќи...“, и така натаму и така натаму, а ние прашуваме ќе се оправиме ли некогаш?

„Бизнис елитата бара средба со Владата за задолжувањата“, информира Утрински, а по повод намерите на тимот на Груевски дефицитот од околу 300 милиони евра во новиот буџет, најмногу да го надоместува со задолжувања кај домашните банки, што пак значи намалување на парите за кредити во стопанството. Инаку, статистиката регистрира за една година намален промет во трговијата со храна, пијалаци и тутун, за 18 отсто, а пораст кај купувањето автомобили од 16 отсто! „Се штеди на храна, но не и на автомобили“, забележува Утрински.

Нова Македонија оди со загрижувачка анализа дека „Десницата е во пораст во ЕУ, Балканот под влијание на САД“, откако минатата недела француските и холандските најдесни партии потпишаа спогодба за соработка на мајските избори за Евро-парламентот. Тоа може негативно да се одрази кон имигрантите во европските земји, пишува весникот. Изгледа Македонија може да здивне, иако не се претргна баш многу со реакции против можната опасност ако сириското хемиско оружје се уништуваше во албански Елбасан, на само 60 км од македонската граница: Албанија го одбила тоа, а сега се размислува уништувањето да се направи некаде на отворен океан, информира Вечер.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG