Достапни линкови

logo-print

Рилковски е новиот претседател на ДИК


Пратениците на денешната 77 седница го избраа Никола Рилковски за претседател на Државната изборна комисија, а Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд на Република Македонија. Маркудова доаѓа од одделот за организиран криминал во Основниот суд 1 -Скопје. Пратеникот Павле Трајанов го повлече Предлог-законот за заштита на сведоци. Од Демократскиот сојуз појаснуваат дека причина е чувствителноста на материјата која се регулира со Законот за заштита на сведоци, како и потребата од дополнителни консултации.
XS
SM
MD
LG