Достапни линкови

Комеморации за убиениот претседател Џон Кенеди


Американскиот претседател Барак Обама со доделување Претседателските медали за слобода на истакнати американски личности ги почна сеќавањата по повод 50 годишнината од атентатот врз Џон Кенеди. Најмладиот претседател во американската историја кој ја востанови модерната верзија на Претседателскиот медал за слобода беше убиен во Далас на 22 ноември 1963 година. Меѓу годинашните добитници на највисокото државно одликување што им се дава на цивили се и поранешниот претседател Бил Клинтон и ТВ водителката Опра Винфри. Барак Обама и неговата сопруга Мишел, како и Бил Клинтон со сопругата Хилари го посетија и гробот на Кенеди во Ерлингтон.
XS
SM
MD
LG