Достапни линкови

Министерката Јанкулоска во посета на Белгија


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брисел ќе има средба со федералниот министер за внатрешни на Белгија Жоел Милкет, во рамки на еднодневната официјална посета на Белгија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека Јанкулоска и Милкет ќе разговараат за продлабочување на соработката, за борбата против меѓународниот криминал и недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти и компјутерски криминал, преку навремена размена на информации и формирање заеднички истражни тимови. Предвидено е двете министерства да потпишат билатерален договор за полициска соработка.
XS
SM
MD
LG