Достапни линкови

Загина екс албанскиот министер за транспорт Олдаши


Сокол Олдаши

Сокол Олдаши

Поранешниот министер за транспорт и јавни работи на Албанија и актуелен пратеник во албанскиот парламент, Сокол Олдаши загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа на влезот во новиот тунел на автопатот Тирана-Елбасан, јави МИА. Тој беше министер во владата на Сали Бериша во периодот од 2007, до септември годинава и имаше клучна улога во изградбата на автопатот на кој го загуби животот. Претходно, до 2005 до 2007 година, Олдаши беше и министер за внатрешни работи. Во собраќајната несреќа загина и сопатникот на Олдаши, поранешниот директор на сообраќајната полиција Шкелзен Алиај. Според полицијата, Олдаши патувал со сопственото возило марка „Ауди 7“ кое поради невремето на една од најопасните кривини излетало од патот и паднало во бездна.
XS
SM
MD
LG