Достапни линкови

Собранието ќе избира претседател на ДИК


Собранието на Мaкедонија денеска ќе ја одржи 77 седница на која, меѓу другото, ќе се расправа и за предлозите за избор на претседател на Државната изборна комисија и на судија на Уставниот суд. Дневниот ред има 23 точки и е дополнет со уште 106, со предлог закони во прво, второ читање или по скратена постапка. Од оние по скратена постапка на дневниот ред се измените на законите за исплата на платите во Македонија, за извршување на санкциите, за радиодифузната дејност и за заштита на сведоци.
XS
SM
MD
LG