Достапни линкови

Женева- продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма


Светските сили и Иран денеска во Женева ги продолжуваат разговорите за решение на иранската нуклеарна криза. Двете страни вчера ја почнаа новата рунда разговори, но без извештаи за напредок. Разговорите се фокусирани врз напорите за согласност за над шест месеци суспензија на иранските контроверзни нуклеарни активности, во замена за ограничено олеснување на санкциите на Западот спрема Техеран.
Неколку светски лидери се обидоа да влијаат врз напредокот на разговорите. Рускиот претседател Владимир Путин по средбата во Москва со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Русија верува оти решението е на дофат. Нетанјаху истакна дека Израел сака да види решение во преговорите, но оти тоа мора да биде вистинско и реално.
XS
SM
MD
LG