Достапни линкови

Во напад на беспилотно летало врз медреса убиени петмина


Осомничено американско беспилотно летало отоврило оган врз исламска богословија во пакистанскиот североисточен регион Хибер Пактунква, при што загинале најмалку 5 луѓе. Претставник на полицијата изјави дека изутринава од леталото биле истрелани најмалку три ракети во медреса во округот Хангу, убивајќи двајца учители и тројца ученици.
Верската богословија и припаѓа на мрежата Хакани и е лоцирана во Тал, град во округот Хангу, на границата со племенските региони Северен Вазиристан, Оракзаи и Курам.
XS
SM
MD
LG