Достапни линкови

Украинскиот парламент ќе расправа за законот за Тимошенко


Украинскиот парламент денеска се очекува да започне дебата за предложениот закон кој би и овозможил на затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко да патува во странство заради лекување. Дебатата доаѓа откако претходниот обид за дискусија во вторникот беше одложен, и по неуспехот да се постигне согласност во минатата недела.
ЕУ го услови потпишувањето на клучниот договор за слободна трговија со Киев во Вилнус идната недела, со правни и демократски реформи во Украина. Тоа вклучува и ослободување на Тимошенко, чија пресуда поради злоупотреба на службената положба во Брисел се гледа како „селективна правда“.
Самитот на ЕУ за Источно партнерство ќе биде одржан во идната недела во главниот град на Литванија.
XS
SM
MD
LG