Достапни линкови

Албанската воена полиција се разоружа


Околу 400 припадници на албанската воена полиција се разоружани. Тоа е по интерната наредба на нивниот Командант Џевдет Зенели, кој наредил да се собере целокупното оружје и да се остави во армиското депо на таа единица.
Наредбата не важи само за 25 припадници кои директно се администрираат од НАТО.
Не се познати причините за таквата одлука според која оружјето ќе се употреби само во посебни случаи, изјавиле припадници на воената полиција.
Според албанските медиуми командантот Зенели по вторпат ја разоружува оваа единица иако таа е дел на Албанската армија и е под ингеренции на Генералштабот Првпат тоа го стори пред три години.
XS
SM
MD
LG