Достапни линкови

Здравство - растечки трошоци поради ризично однесување


Светската Банка во нејзиниот нов извештај предупредува дека зголемниот број болести во светот, пред се, во растечките земји, се должи на однесувањето на индивидуалците.

Во денеска објавениот извештај се наведува дека пушењето, дрогата, алкохолот и нездравите диети, како и небезбедниот секс се доминантни во сиромашните земји. Се нагласува дека случаите на пушење и лоши диети, кои резултираат со дебелината, се во аларамантен пораст во земјите во развој.

Според извештајот, лекувањето на овие здравствени проблеми е многу скапо. Тое е оптоварување за семејните и за буџетите на јавното здравство, а влијае и врз намалување на продуктивноста.

Затоа, како што се заклучува во извештајот, оправдани се трошоците поврзани со намалување на ризичното однесување како и законодавството и оданочувањето.
XS
SM
MD
LG