Достапни линкови

logo-print

Младите не се пасивни, ги загрижуваат партиските притисоци


Средба на локалните власти со младинските здруженија во Куманово.

Средба на локалните власти со младинските здруженија во Куманово.

На младите во Куманово им е потребна меѓусебна мултиетничка комуникација, еманципација, подобра информираност, но и мир од политичките партии кои ги уценуваат за вработување или за која било друга нивна потреба.

Неколку младински невладини здруженија, локалната самоуправа, локалниот Младински совет и останати релевантни претставници во Куманово, заеднички се обидуваат за обезбедување соодветно место на младите во општеството. Неопходна им е меѓусебна мултиетничка комуникација, еманципација, подобра информираност, но и мир од политичките партии кои ги уценуваат за вработување или за која било друга нивна потреба.
Се фокусиравме да ги поттикнеме младите да се активираат, да бидат и бунтовни и да поведуваат иницијативи.

Матеј Маневски за проблемот на младите вели дека преку јавни расправи тие сакаат да ги поттикнат младите да ги остваруваат нивните приоритети.
Куманово.

Куманово.


„Се фокусиравме да ги поттикнеме младите да се активираат, да бидат и бунтовни и да поведуваат иницијативи, тогаш ќе ги мотивираме да се вклучат преку конкретни активности во акциониот план, тогаш ќе се подобри и спортот, културата, образованието и сите други аспекти. Дури и невработеноста“, вели тој.
Најголемата вина е во тоа што политиката е навлезена во сите сфери на општество и многу е застапена помеѓу младите.

Маневски додава дека преку дообучување, волонтирање, неформалното образование, младите ќе излезат од својата пасивност и индиферентност и ќе се вклучат во сите општествени процеси.

РСЕ: Зошто младите се пасивни?

„Најголемата вина е во тоа што политиката е навлезена во сите сфери на општество и многу е застапена помеѓу младите. Со јавната расправа сакаме барем во некои сегменти да ја подобриме состојбата на младите во Куманово и нивните интереси да ги ставиме над сите други интереси“, вели Филип Јањевиќ, а Џенис Сулејмани, магистер по политичките науки, вели дека е невработен бидејќи не е член на ниту една партија, додава:
Мое убедување е дека младите се пасивни поради тоа што се партизирани и делегирани од партиите. Не размислуваат како индивидуа.

„Мое убедување е дека младите се пасивни поради тоа што се партизирани и делегирани од партиите. Не размислуваат како индивидуа, значи не доволно се еманципирани за да донесуваат свои одлуки за свое и за доброто на сите млади во Куманово и воопшто во нашето општество“, вели Сулејмани.

Евидентно е дека младите се активни по социјалните мрежи, а за нивната пасивност возрасните најчесто сметаат дека поголем дел од нив се разгалени. Сулејмани за ова со свој став:

„Не. Токму тие се најголемите виновници за младите бидејќи им вршат притисок и им наметнуваат свое влијание. Дури ги притискаат и условуваат дека нема да успеат ако не ги следат нивните инструкции“, вели Сулејмани.

РСЕ: Дали и политичарите вршат притисок врз младите?

„Мислам дека да и тоа во голема мерка и затоа сметам дека младите немаат перспектива во нашето општество. Политичарите и политичките партии вршат притисок врз нив“, вели Сулејмани.

Лидија Костиќ, психолог во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, смета дека младите не се толку пасивни, особено што имаат многу можности да се информираат преку интернет, да патуваат, да другаруваат и да се забавуваат.

„Да им се овозможат просторни можности и поддршка од нас постарите“, вели Костиќ.

Локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски ги поддржуваат младинските здруженија и ветуваат дека во иднина ќе се отвори Сектор за младите, а се работи и на обезбедување соодветен простор за реализирање на младинските активности. По расчистување на имотно-правните односи, Градската куќа, која е и заштитена архитектонска градба, ќе биде адаптирана за сите граѓански здруженија, а младите ќе можат да имаат младински центар и без дополнителни трошоци да го користат континуирано.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG