Достапни линкови

Иванов: Решителни сме да го заштитиме македонскиот јазик


Македонскиот јазик се соочува со предизвици, некои се стари и локални, а други современи и глобални. Негирајќи ни го јазикот некои се уште ја следат погубната логика на непризнавањето и исклучувањето, истакна претседателот Ѓорге Иванов на свечената академија по повод 60-годишнината од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
- Затоа, како општество, жестоко реагираме на сите обиди да се избрише терминот „македонски јазик“ од меѓународните регистри и извештаи. Како држава, решителни сме да ги заштитиме и да ги промовираме македонскиот јазик и македонското творештво, како дел од светското духовно културно наследство, рече Иванов.
Тој на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска му го додели признанието Повелба на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG