Достапни линкови

Каде се вработиле 13 илјади битолчани за шест години?


Архивска фотографија: Широк Сокак, Битола.

Архивска фотографија: Широк Сокак, Битола.

Бројот на невработени во Битола од 2007 досега се намалил од 19 илјади на 6.800, покажуваат податоците на Агенција за вработување. Дали навистина се отворени толку работни места?

Од септември 2007 година до истиот месец годинава бројот на невработени лица во Битола се намалил од 19 илјади на 6.800. Наспроти ваквата официјална статистика на Агенцијата за вработување на Република Македонија, дел од битолчани сè уште се жалат дека ја чувствуваат невработеноста.
Невработеноста се намалува со бришење на невработените по разни основи од списоците на невработени, но друга и пострашна причина е масовното иселување на младите луѓе.

„Магистер сум по менаџмент. Работам во приватна фирма како секретарка. За мојата титула не можев, ниту сега можам да најдам соодветна работа и никогаш не ги повратив средствата што ги вложив во образованието.“
Отворање на фабриката Кромберг и Шуберт во економската зона Жабени во Битола.

Отворање на фабриката Кромберг и Шуберт во економската зона Жабени во Битола.


„Некои битолчани во Жабени влегоа на работа. Но, многу луѓе се и без работа, па надвор заминаа, односно ја побараа среќата во странски држави“, коментираат битолчани.

За опозиционата ЛДП е нејасно каде се вработиле 13 илјади битолчани во последните шест години. Александар Касапов, потпретседател на битолските либерал-демократи, прашува:
Логично е на некој што има минато на отпуштање работници и буквално бркање на странските инвеститори од земјава, сега да му е криво што луѓето се вработуваат.

„Дали битолската економија толку пораснала што отворија нови 13 илјади работни места. Ако од оваа бројка одземеме скоро 900 вработувања во зоната Жабени, во кои други фабрики и фирми се вработиле другите 12 илјади луѓе за шест години? Реално нема толку нови работни места. Невработеноста се намалува со бришење на невработените по разни основи од списоците на невработени, но друга и пострашна причина е масовното иселување на младите луѓе, преку разни лотарии или уште пострашно со вадење на бугарски пасоши“, вели Касапов.

Во име на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ возвратија од Социјалистичката партија.

„Фактот дека власта создава услови за нови инвестиции, олеснување на процедурите за започнување бизнис, поттикнување на претприемништвото, го признаваат сите релевантни меѓународни институции, но опозицијата не го гледа. Логично е на некој што има минато на отпуштање работници и буквално бркање на странските инвеститори од земјава, сега да му е криво што луѓето се вработуваат, но никако не е логично да се негираат фактите“, изјави Александар Вангеловски, портпарол на СПМ од Битола.

Од Државниот завод за статистика соопштија дека во второто тримесечје од годинава стапката на невработеност на ниво на држава изнесува 28,8 проценти.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG