Достапни линкови

Шулц: Украина игра игри со ЕУ


Мартин Шулц

Мартин Шулц

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека Украина игра игри со Европската Унија до последен момент. Во интервју за Радио Слободна Европа, Шулц вели дека уште има надеж за Киев да го потпише договорот за асоцијација со Европската Унија и да ги надмине проблемите во врска со затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко. Меѓутоа, додаде Шулц, никој не знае каква стратегија ќе примени украинскиот претседател Виктор Јанукович. Тој е во тешка ситуација и треба да избере меѓу Русија и Европската Унија, рече Шулц. Самитот на ЕУ, посветен на источното партнерство е закажан за 28-ми и 29-ти овој месец.
XS
SM
MD
LG