Достапни линкови

Вашингтон и Кабул сеуште без безбедносен договор


Сеуште е нејасно дали Соединетите Држави и Авганистан постигнале согласност за безбедносниот договор со кој се регулира статусот на американските војници кои ќе останат во Авганистан по повлекувањето на странските сили од таа земја во наредната година. Портпарол на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека е постигнат договор, според кој, американските сили ќе имаат имунитет од законите во Авганистан и ќе можат да влегуваат и во домови, но во исклучителни ситуации. Но, портпарол на Стејт департментот истакна дека финалниот текст сеуште не е договорен. За овој договор ќе расправа и Врховниот совет во Авганистан, чие заседавање започнува утре.
XS
SM
MD
LG