Достапни линкови

logo-print

Политичката некултура сигнал за длабока политичка криза


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Од лични дисквалификации до закани за апсење, дискусиите во зградата на Собранието се одвиваат во напната атмосфера. Тоа не допринесува за квалитет на дискусијата.

Нивото на политичка култура не се подобрува, а личните прозивања и дофрлањата од пратеничките клупи не помагаат за создавање на продуктивна дискусија, коментираат упатените. Од лични дисквалификации до закани за апсење, дискусиите во зградата на Собранието се одвиваат во напната атмосфера.
Секогаш може да се критикува политичкиот противник на културен начин и нужна осуда на политиката на другата политичка партија не е лична навреда на личниот интегритет на политичкиот противник.

Политикологот Здравко Савески вели дека падот на политичката култура е пропратен феномен на политичка криза во земјава, која се продлабочува.

„Веќе нивото на расправи во Собранието во последните години има драстично паднато и тоа не личи на однесување на избраници на народ во претставничкото тело на граѓаните“, вели тој.

Кога некултурата ќе стане практика и самите граѓани забораваат дека таквото однесување не треба да биде вообичаено и истото треба да се осуди, додава Савески.
Немаме ни политичка култура, имаме политички безобразлук и простаклук, односно измешана политика со улично однесување.

„Секогаш може да се критикува политичкиот противник на културен начин и нужна осуда на политиката на другата политичка партија не е лична навреда на личниот интегритет на политичкиот противник“, вели Савески.

Освен закани од говорница за тоа кој по кого мавтал, кој кого избркал или натепал и кој колку крадел, не изостануваат ни дофрлањата од место, кои обично не се „ловат“ со микрофоните од говорницата.

Точно е дека се дофрла и скандира и во други институции низ светот, но тоа е во духот на дискусијата и за самата тема, забележува политикологот Соња Стојадиновиќ.

„Ако имаме дофрлување на вулгаризми, на напади на дигнитетот на личноста што е на говорницата или кој претходно нешто зборувал па тоа е само реплика, тотално немаме ни политичка култура, имаме политички безобразлук и простаклук, односно измешана политика со улично однесување“, вели таа.

Чести се оправданијата дека во некои парламенти, како на пример во Британија, се тропа по маса и има разни дофрлувања, но тоа во суштина не се лични навреди, забележува Стојадиновиќ.

„Ако кај Британците имаме дофрлање, не сме направила анализа, не знам, имаме дофрлање дека тоа е вака, а не така, без вулгаризми, без безобразни изрази и без навредување на тој што зборува, тогаш не може да се споредуваме. Ако Британците исто така имаат вулгаризми, тогаш можеби ние тежнееме кон некој тип на квази-британско однесување“, вели Стојадиновиќ.
XS
SM
MD
LG