Достапни линкови

logo-print

Вардарки со оптимизам за пласман на фајнл-форот во ЛШ


Ракометарките на Вардар ги добија посакуваните противници во втората групна фаза од најквалитетното клупско натпреварување - Лигата на шампиони.

Македонскиот женски ракометен шампион Вардар СЦБТ има големи шанси да се пласира на фајнал - фор турнирот од годинашната Лига на шампиони.
Јас сум задоволна, бидејќи другата група е убиствена. Во таа група се сите екипи кои минатата година играа во финалето и во полуфиналето.

Индира Кастратовиќ, тренер на женскиот ракометен клуб Вардар од Скопје.

Индира Кастратовиќ, тренер на женскиот ракометен клуб Вардар од Скопје.

Ова е општото мислење во домашната јавност, откако на вчерашната ждребка во Виена, црвено – црните ги добија посакуваните противници во втората групна фаза од најквалитетното клупско натпреварување - данскиот Митјиланд, шведскиот Савехоф и германскиот Турингер. Станува збор за сериозни екипи, но и ривали кои, на хартија, се помалку квалитетни од другите можни противници - актуелниот европски шампион Ѓер (Унгарија), вицепрвакот Ларвик (Норвешка) и поранешните освојувачи на ЛШ, Крим (Словенија) и Будуќност (Црна Гора). Со тоа се согласува и тренерот на вардарки, Индира Кастратовиќ.
Јас навистина сум среќна затоа што ни паднаа три противника кои што можам да кажам дека се малку послаби од противниците кои се најдоа во другата група.

„Јас сум задоволна, бидејќи другата група е убиствена. Во таа група се сите екипи кои минатата година играа во финалето и во полуфиналето. Значи ние треба да бидеме задоволни, да не кажам сега сеедно ми е, не е. Но, треба со мирни глави, со спуштена топка да бидеме сконцентрирани, по СП (во декември) да ми дојдат сите здрави ракометарки и да имаме време максимално да се подготвиме за натпреварите во групата“, рече Кастратовиќ.

Задоволството е присутно и кај ракометарките. Тие не забораваат да кажат дека за дебитант во ЛШ, како што е Вардар, е огромен успех и влезот меѓу осумте најдобри на Стариот континент. Но, и признаваат дека сега пласманот во полуфиналето, односно освојувањето барем на второто место во групата е реалност, а репрезентативката Билјана Црвенкоска истакнува:

„Јас навистина сум среќна затоа што ни паднаа три противника кои што можам да кажам дека се малку послаби од противниците кои се најдоа во другата група, значи од балканските противници. Мислам дека ова е еден голем плус за нас и тоа ни дозволува да направиме уште поголем успех и да одиме во Фајнал – форот“, вели Црвенкоска.

Од овој императив, кој сега го наметнува домашната јавност, не бега и Кастратовиќ, која, сепак, бара трпение, а не притисок од љубителите на спортот.

„Полека. Јас не сакам ништо да наметнувам. Сакам да си ја работиме ние нашата работа, да го покажеме најдоброто. Од ден во ден играме се поквалитетно и поколективно, што ми е најзначајно, бидејќи знаеме дека на почетокот на сезоната многу нови ракометарки дојдоа кај нас. Направивме екипа, се трудиме пред сè тоа да биде колективно. Мислам дека го постигнавме тоа, така што полека - полека, ќе дојдеме до посакуваното“, додаде Кастратовиќ.

Инаку натпреварите од втората групна фаза од женската ЛШ ќе се одиграат во февруари и во март наредната година, а во првото коло (1/2 февруари) Вардар СЦБТ ќе му биде домаќин на Турингер.
XS
SM
MD
LG