Достапни линкови

Малала денеска ќе ја прими наградата Сахаров


Пакистанската активистка за правата на девојчињата и жените, Малала Јусафзаи денеска во Европскиот парламент во Стразбур ќе ја прими наградата Сахаров за оваа година. 16-годишната Малала ја доби наградата за нејзината истрајност во битката за правото на сите деца на образование. Малала во октомври 2012-та беше застрелана од талибанец во долината Сват во Пакистан, поради нејзините залагања за правата на жените, но преживеа.
XS
SM
MD
LG