Достапни линкови

Амнести: НВО секторот во Русија под притисок


Амнести интернешнел соопшти дека рестриктивниот закон за невладините организации во Русија, усвоен пред една година, придонел за значително намалување на ваквите организации во земјата. Во денешното соопштение Амнести наведува дека за последнава година во Русија биле извршени инспекции во над илјада невладини организации, многу од нив добиле предупредувања, а неколку од нјаголемите биле казнети или принудени да прекинат со работа откако одбиле да се регистрираат како странски агенти. Според законот, сите невладини организации кои припаат странска помош и се вклучени во политички активности, мора да се регистрираат како странски агенти.
XS
SM
MD
LG